29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.05.2021

Дневен хороскоп 05.05.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Прилагодливи сте и без проблеми ќе го пронајдете најдобриот начин да го остварите она што сте го зацртале. За сите слободни совет е да го искористат поволниот период, бидејќи се повеќе од привлечни за спротивниот пол. Диетата која ја практикувате дава резултати и поради тоа вашето задоволство е поголемо.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Тврдоглавоста и упорноста станаа вашиот заштитен знак и најверојатно денес ќе ви попречуваат и кога станува збор за работата. Не можете секогаш со глава во ѕид, а во тоа ќе се уверите наскоро. Вашите зглобови се осетливи, внимавајте.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Динамичноста на вашата врска се подобрува. Позитивните впечатоци кои сте ги оставиле кај колегите од работа ви даваат шанса да ги повикате за помош во било кое време. Шансите за неуспех се сведени на минимум. Поминувајте помалку време пред ТВ екранот.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Преголемото анализирање на се и секого делува депресивно на вас, а и самодовербата која ја имавте ќе биде заменета со нервоза и страв. Морате да бидете мудри и да го одделите важното од неважното бидејќи само си ја трошите енергијата.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Арогантното однесување ве одалечува од целта кога станува збор за љубовта. Немојте да бидете тврдоглави, воочете ја навремено вашата грешка. Покажете ги емоциите на партнерот, бидејќи немате ниедна причина за влез во било каква расправија. Можни се проблеми со алргија на храна.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Комуникацијата со лицата од блиското деловно опкружување ќе ви донесе информации кои можете добро да ги искористите кога станува збор за кариерата. Некои работи ви се познати од претходно, а нешто друго во голема мера ќе ве изненади и ќе ве наведе да бидете повнимателни. Проверете ја крвната слика.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Познато е дека сте систематични за многу работи, но сето тоа паѓа во вода поради вашата намалена концентрација во овој период. Очекувате поддршка од други лица, а тоа може да остави лош впечаток на раководството во вашата компанија. Ќе имате интересна посета.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Предадени сте и на работата до крај и тоа секој го забележува. Сепак, размислете дали е паметно целото свое време да и го посветувате само на работата. Немате парична сатисфакција која би можела да ги задоволи вашите желби.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не смеете да се потпирате на туѓата помош, бидејќи таа може да изостане во клучниот момент. Потребно е да го испланирате секој потег и сите можни проблеми да ги елиминирате. Интуицијата никогаш не ве напушта. Нервите ви се малку напнати, олабавете.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Преголемиот обем на работа денес може да ве спречи да поминете време со членовите од семејството. Сепак, нема потреба за нервози, викендот доаѓа наскоро па пред вас е време за релаксација. Можни се мали проблеми со стомакот.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Нема потреба за грижа иако сте окупирани со силни емоции и незадоволни од моменталната положба на работното место. Научете ја лекцијата од минатото со цел некои работи да не ги повторувате без потреба. Ситуацијата на љубовен план е повеќе од задоволителна.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Пријателите и соработниците се загрижени за вас и вашата состојба, па ќе дадат се од себе да ви помгонат. Сепак припазете бидејќи некој кој не е искрен сосема со вас може да ви наштети. Не барајте кавга за ситните нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП