Владата на вчерашната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните во согласност со која од денес, 5 мај, забраната за движење, наместо од 21 часот, ќе почнува од 23 часот, и ќе трае до 5 часот наредниот ден.
„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот, и тоа само на отворените делови, терасите на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопшти владината прес-служба.

