22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОваа компанија создаде повеќе милијардери отколку Google или Facebook

Оваа компанија создаде повеќе милијардери отколку Google или Facebook

Малку познатиот, но брзорастечки кинески производител на батерии за електрични возила, сега има повеќе милијардери на списокот Форбс од која било друга приватна компанија.

Дури девет милијардери имаат богатство над една милијарда долари врз основа на нивниот удел во Contemporary Amperex Technology (CATL). Акциите на компанијата што ги снабдува со батери производителите на автомобили, вклучувајќи ги БМВ, Фолксваген и Мерцедес-Бенз, се пораснаа за над 150% во изминатата година, бидејќи порасна побарувачката за електрични возила.

Основачот и претседател на CATL, 52-годишниот Робин Зенг, сега 47-миот најбогат човек на светот вреден 32,5 милијарди долари, го зголеми тројно богатството од 9,7 милијарди долари што го имаше во март 2020 година, кога пандемијата на коронавирусот го сруши пазарот. Зенг поседува околу 25% од компанијата.

Другите директори на CATL исто така се стекнаа со значително богатство. Потпретседателите Хуанг Шилин и Ли Пинг можат да се пофалат со нето вредност од 14,7 милијарди долари, односно 6,6 милијарди долари. Еден од првите инвеститори во компанијата, Пеи Џенхуа, кој го купи уделот во 2015 година, вреди околу 8,5 милијарди долари.

Жао Фенганг (2,4 милијарди долари), Ву Каи (2,3 милијарди долари), Ву Јингминг (1,9 милијарди долари), Чен Кионгсијанг (1,8 милијарди долари) и Чен Јуантаи (1,3 милијарди долари) за прв пат рангирани на списокот на милијардери во 2021 година. Чен Кионгсијанг е еден од првите инвеститори во компанијата, додека другите четири имаат различни улоги на управување во CATL.

Деветмината милијардери на Форбс заедно вредат дури 72 милијарди долари, што е неверојатен подвиг на компанија која постои веќе една деценија.

Гугл и Фејсбук создадоа по осум милијардери

Кога станува збор за други компании, технолошките гиганти Гугл и Фејсбук имаат осум милијардери на листата на Форбс. Исто така и ланецот на маркети „Волмарт“ создаде осум милијардери, од кои седум се потомци на основачите. Неколку семејни конгломерати, како што е земјоделскиот гигант Каргил, создадоа повеќе милијардери поради големиот број наследници, но меѓу компаниите со чии акции се тргува на берза, само уште една компанија „стави“ девет лица на листата на милијардери на Форбс – кинеска компанија за сос од соја Foshan Haitian Flavouring & Food.

Историја на CATL

Робин Зенг, поранешен инженер во производството на електронски компоненти, го започна бизнисот со производство на литиум-јонски батерии, Amperex Technology Limited во 1999 година. Не е познато од каде го доби капиталот да ја основа оваа компанија, специјализирана за производство на батерии за полнење за електроника за широка потрошувачка, како што се мобилни телефони и лаптопи, и наводно ги дистрибуирале батериите на iPod, iPad и Macbook на Apple. Во 2011 година, Зенг ја основаше CATL од ATL, компанија насочена кон батерии за автомобилската индустрија. Една година подоцна, компанијата воспостави партнерство со автомобилскиот гигант БМВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП