Флексибилните телефони се сметаат за помалку издржливи во споредба со стандардните модели. Зак од популарниот „YouTube“ канал „JerryRigEverything“, одлучи да го вклучи најновиот телефон „Huawei Mate X2“ на вообичаениот тест за издржливост.
Предниот дисплеј на телефонот е покриен со стакло, така што тој се гребе од шестото ниво на скалата Мос, со подлабоки засеци од седмото ниво, што е вообичаено. Од внатрешна страна сепак има пластичен екран, каде се појавуваат гребнатини од второто ниво, со подлабоки засеци од третото ниво. Дури и гребење со ноктите остава траги.

