20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАВакцините на Pfizer наскоро и за деца под 16 години

Вакцините на Pfizer наскоро и за деца под 16 години

Американската администрација за храна и лекови (FDA) се подготвува да ги одобри вакцините Pfizer Inc и BioNTech против Ковид – 19 за адолесценти на возраст од 12 до 15 години на почетокот на следната недела, објави „New York Times“, повикувајќи се на официјални претставници упатени во плановите на агенцијата.

Претходно овој месец, компаниите побараа од FDA да одобри вакцина за адолесценти која веќе е одобрена во САД за лица постари од 16 години.

Pfizer и BioNTech објавија во март дека клиничките испитувања покажаа дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека предизвикува силен одговор на антитела кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Доколку вакцината е одобрена, советодавното тело на Центрите за контрола и превенција на болести најверојатно ќе се состане следниот ден за да ги разгледа податоците од клиничките испитувања и да даде препораки за употреба на вакцините и за адолесцентите, се додава во извештајот на Newујорк Тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП