26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПромена на врвот кај смартфоните, „Apple“ повеќе не е лидер

Промена на врвот кај смартфоните, „Apple“ повеќе не е лидер

Глобалниот пазар на паметни телефони продолжи со закрепнување за време на првиот квартал од 2021-та година. Благодарение на тоа, „Samsung“ повторно стана број еден производител според бројот на испорачани телефони во текот на првиот квартал од оваа година. Така, поранешниот шампион – „Apple“, падна на второто место.

Прво, второ и трето

„Samsung“ го заработи првото место во рангирањето на 10-те најголеми производители на паметни телефони со испорака на 76,1 милиони телефони во текот на првиот квартал од 2021-ва, додека „Apple“ испорача дваесет милиони телефони помалку (56,4 милиони) во истиот период, па затоа, како што веќе рековме, падна до второ место. На третото место сѐ уште е „Xiaomi“ со испорачани 49,5 милиони телефони.

Другите

Нема промени на четвртото, петтото и шестото место – тие сè уште ги држат „Vivo“, „Oppo“ и „Huawei“. „Vivo“ го зголеми бројот на испораки на 38,2 милиони во овој квартал, а „Oppo“ на 37,8 милиони. Од разбирливи причини, „Huawei“ испорача значително помалку телефони во првиот квартал од оваа година (14,7 милиони) отколку во четвртиот од минатата кога бројот на испораки беше 32 милиони. На годишно ниво, падот е уште поголем – дури 70%.

Овој пат, „Motorola“ и „Realme“ ги заменија местата во рангирањето – „Motorola“ падна на седмото со испорака на 12,6 милиони телефони, а „Realme“ падна на осмото место со достава на 11,4 милиони телефони. Во текот на последниот квартал, ситуацијата беше обратна.

„LG“ пред да испадне од топ 10

„LG“ полека се збогува со рангирањето – во моментов е на десеттото место. Причината за ова е помалиот број испорачани телефони во споредба со четвртиот квартал од 2020-та, што е последица и на помалиот интерес на клиентите за нивните телефони, бидејќи неодамна објавија дека ќе се откажат од понатамошно производство на истите. На деветтото место се најде „Tecno“, што досега немавме можност да го видиме на оваа листа. Овој производител се најде на деветто место со испорака на 8,2 милиони телефони или два милиони повеќе телефони во споредба со „LG“ (6,2 милиони).

Додека „Huawei“ забележа најголем пад на годишно ниво, „Tecno“ и „Motorola“ можат да се пофалат со најголем годишен раст, зголемувајќи ги своите испораки за 133,4% и 128,1%, соодветно. Од попознатите играчи, најголем годишен раст на испораките има „Vivo“ (95,9%), додека „Samsung“ (29,2%), „Apple“ (46,5%) и „Xiaomi“ (78,3%) забележаа малку помал раст.

Во првиот квартал од 2021-ва година, испорачани се вкупно 353 милиони паметни телефони, што е зголемување за 28,1% на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП