27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sony“ планира да откупи акции до 1,8 милијарди долари

„Sony“ планира да откупи акции до 1,8 милијарди долари

„Sony Group“ соопшти дека ќе откупи акции до 200 милијарди јени (1,8 милијарди американски долари) откако кварталната заработка се покажа под очекувањата на аналитичарите, објави „Bloomberg“.

Оперативната добивка за кварталот достигна 66,5 милијарди јени до крајот на март, во споредба со консензуалната прогноза од 74 милијарди јени. Компанијата продаде 3,3 милиони конзоли „PlayStation 5“ за време на периодот, достигнувајќи 7,8 милиони за фискалната година, а темпото на продажба е нешто побрзо од претходната генерација на конзоли. Главниот финансиски директор Хироки Тотоки рече дека целта на компанијата е да продаде повеќе од 14,8 милиони единици во оваа година, но предупреди дека производствените предизвици што влијаат на уредот ќе траат и понатаму.

„Нашата почетна цел на продажбата на „PS5“ за оваа фискална година е да го надминеме постигнатото на „PS4“ во својата втора година“, рече Тотоки на прес-конференцијата по резултатите.

Јапонскиот гигант за електроника објави конзервативна прогноза за својата фискална година. Очекува оперативна добивка од 930 милијарди јени бидејќи верува дека неговата деловна активност со сензори за игри, музика и графика ќе се намали. Оперативната добивка за годината што штотуку заврши беше 971,9 милијарди јени.

Минатата година, приходите од продажба на „Sony“ беа поддржани од побарувачката од корисниците кои повеќе од времето го поминуваа дома. Покрај тоа, компанијата достигна нови рекорди во бројот на привлечени претплатници на услугата „PlayStation Plus“. Но, „Sony“ се соочува со недостиг на компоненти што влијаеја на производството на нивната нова конзола, лансирана во ноември.

Од март 2020-та година, цената на акциите на „Sony“ се зголеми, поддржана од поголемата побарувачка за игри и мобилна активност. Вредноста на акциите се зголеми за 3,1% пред објавувањето на извештајот. Компанијата планира да откупи до 2,02% од своите акции со средства што ги издвои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП