26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Starbucks“ повеќе од очекувано го зголеми профитот

„Starbucks“ повеќе од очекувано го зголеми профитот

Најголемиот ланец кафетерии во светот „Starbucks“ ги зголеми своите годишни цели по растот на профитот во последниот квартал. За трите месеци до крајот на март, „Starbucks“ двојно ја зголеми својата нето добивка на годишно ниво до 659,4 милиони долари, соопшти компанијата. Приходите се зголемија за 11 проценти на 6,7 милијарди долари.

За фискалната 2021-ва година, „Starbucks“ предвидува приходи во опсег од 28,5 до 29,3 милијарди долари, што е мало зголемување од претходната прогноза. Прогнозите за профит исто така се зголемени.

„Јас сум многу задоволен од нашиот напредок“, изјави извршниот директор Кевин Џонсон. Бизнисот во САД сега целосно се опорави од кризата предизвикана од Ковид-19.

Приходите од продажба во објектите што се отворени најмалку една година – внимателно следена метрика – продолжуваат да растат, поттикната од зголемената продажба во Кина – за значителни 15%, но пандемијата имаше силно негативно влијание во претходната година. Аналитичарите во просек очекуваа значително повисок резултат.

Акциите на „Starbucks“ на „NASDAQ“ паднаа за 1,61 процент на 114,28 долари пред сесијата.

На својот домашен пазар, „Starbucks“ ги забрзува промените во својата деловна активност со затворање на околу 800 локации со помалку перформанси и создавање нови типови на објекти, како што се градски кафулиња без места за седење и повеќе објекти во предградијата од каде што може да се нарачува од автомобил.

Целта на компанијата е да достигне 55.000 кафулиња на глобално ниво до 2030-та година.

Додавањето повеќе локации ќе му помогне на глобалниот ланец да достигне нови клиенти откако предвиде дека глобалниот пазар на кафе ќе достигне 450 милијарди долари до 2023-та година. „Starbucks“ во моментов има скоро 33.000 продажни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП