26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Philips“ по првиот квартал ја зголеми својата годишна прогноза

„Philips“ по првиот квартал ја зголеми својата годишна прогноза

„Philips“ објави огромен раст на кварталниот профит и ги зголеми очекувањата за 2021-ва година, додека пандемијата на коронавирусот ја поттикна побарувачката за болничка опрема и лични здравствени уреди, пренесува „Reuters“.

Холандската компанија за здравствена технологија соопшти дека нејзиниот основен профит во бизнисот се зголемил за 74% во првиот квартал на 362 милиони евра, со раст од 9% во споредливи приходи, што значително ги надмина очекувањата на аналитичарите.

„Нашите резултати добија интензитет и имаме силен раст на продажбата и подобрена профитабилност, за што придонесоа сите деловни сегменти и пазари“, рече извршниот директор Франс ван Хаутен.

Очекувањата на аналитичарите беа за прилагодена добивка од 326 милиони евра (EBITA) и 6% раст на споредливите приходи од продажба.

„Philips“, кој продава производи од електрични четки за заби до медицински скенери, вели дека сега очекува „низок до среден едноцифрен раст на споредливи приходи од продажба“ за 2021-ва година од претходната прогноза за низок раст.

Во првиот квартал, нето добивката остана стабилна на 40 милиони евра откако „Philips“ обезбеди 250 милиони евра за да се справи со ризиците што ги најде во некои од нејзините медицински помагала.

Резултатите од минатата година беа пресметани за да ја рефлектираат продажбата од 3,7 милијарди долари на деловните апарати за домаќинство на „Philips“. Купувачот е „Hillhouse Capital“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП