„Galaxy A82“ наскоро би можел да се приклучи на парадата на новите телефони од серијата „Galaxy A“, кои јужнокорејскиот гигант ги најавува во последно време. Ова би бил телефон од висока класа, со помоќен процесор, екран за брзо освежување и потенцијално подобри камери од другите понуди на „Samsung“ од средната класа.
Еве што знаеме досега за „Galaxy A82“ и кога тоа би можело да биде неговото официјално деби.
• Процесор: Snapdragon 865 Plus
• Големина на екранот: 6,7 инчи
• Стапка на освежување: 120Hz
• Капацитет на складирање: 128 GB
• Задни камери: 64MP главна; 12MP ултра широка; макро 5MP
• Предна камера: 10MP
• Батерија: 4.500 mAh
Всушност, можеби веќе имавме шанса да го видиме „Galaxy A82“, иако под друго име, додека „Samsung“ на својот домашен пазар во Јужна Кореја објави уред наречен „Galaxy Qantum 2“, кој е многу сличен на оној што може да биде „А82“.