29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстронаутите тргнaa кон Меѓународната вселенска станица: Лансирана ракетата на Space X

Астронаутите тргнaa кон Меѓународната вселенска станица: Лансирана ракетата на Space X

Ракетата на Space X со екипаж беше лансирана на Меѓународната вселенска станица(ISS). Лансирањето беше одложено вчера поради лошите временски услови.

Ракетата на Space X ќе однесе четворица астронаути на ISS, во втората ваква мисија откако САД ги обновија летовите на ISS.

Во мисијата Кру-2 учествуваат американските астронаути Шејн Кимброу и Меган Мекартур, Акихико Хошиде од Јапонската агенција за аеронаутика и вселенски истражувања (JAXA) и астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА) – французинот Томас Пескет.

Space X, компанијата на Илон Маск, стана омилен превозник на НАСА откако Боинг доцнеше со тестирање на својата вселенска капсула Starliner, пренесува Index.hr.

Првиот лет на „Space X“ со екипажот во мај 2020 година стави крај на деветгодишната американска зависност од руски ракети за транспорт до ISS.

Денес повторно беше искористена истата ракета како и во мисијата Кру-1, а капсулата Кру Змај ќе биде истата која се користеше во пробните летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП