20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е првиот Huawei на тркала, ќе бидете изненадени од цената

Ова е првиот Huawei на тркала, ќе бидете изненадени од цената

HUAWEI на голема врата влезе во автомобилската индустрија , а ова е неговиот прв автомобил.

Претставен е на салонот за автомобили во Шангај, под името SF5. Кросоверот е развиен во соработка со “Сајрус” и ќе се продава под марката “Серес”. Моделот има импресивни димензии, така што во должина оди до 4.700 мм, ширина од 1.930 мм и висина од 1.625 мм. Првиот Huawei по големина одговара на модели како што се Audi Q5.

Внатре, очекувано дигитален кокпит и исклучително богата опрема. Квалитетот на материјалот е исто така на ниво, и ова е првиот Huawei со амбиентално осветлување, седишта за масажа и т.н. ѕвездено небо. Како што се очекуваше, инфотејментот е првокласен и може да се пофали со исклучително брз одговор и леснотија при поврзување со мобилни уреди. Има подеднакво висок стандард во однос на достапните системи за помош.

Посебно внимание се посветува на изолацијата на звукот, која е на самиот врв на пазарот според карактеристиките. Од друга страна, озвучувањето е на највисоко ниво во рамките на саунд составот на Huawei.

Под хаубата се наоѓа 1,5 бензински мотор кој работи исклучиво за генераторот да ги полни батериите. Двата погонски електромотори имаат вкупна моќност од 551 КС и 820 Нм. Кросоверот достигнува 100 км на час за 4,7 секунди, а опсегот е 180 км преку батерии, или над 1.000 км ако го вклучиме генераторот на погон.

И сега најдоброто. Huawei одлучи да го понуди овој автомобил по цена од околу 27.710 евра, почнувајќи од следниот месец. За жал, досега само на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП