4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWhatsApp добива говорни пораки

WhatsApp добива говорни пораки

WhatsApp_Voice

Апликацијата „WhatsApp“  го продолжува брзиот развој, иако и да не привлекува особено внимание кон себе. Компанијата додава нова функција во својата услуга – говорни пораки.

Функцијата е достапна за сите верзии на „WhatApp“ за различни мобилни платформи. Корисникот треба да го притисне и држи копчето за снимање на порака и да ја искаже својата порака. Таа се снима и се испраќа веднаш што копчето ќе биде пуштено.

Според извршниот директор на „WhatsApp“, Јан Коум, овој новитет ќе им се допадне на корисниците, бидејќи тие ќе имаат максималено олеснување при испраќањето и примањето на пораките. Нема ограничување за времетраењето на записот. Освен тоа апликацијата автоматски ќе се префрла од звучникот на телефонот на слушалките во зависност од тоа што користи корисникот во тој момент.

Коум има големи очекувања од новата услуга, која треба да се забрза растот на „WhatsApp“. Тој открива дека апликацијата веќе се користи од 300 милиони активни корисници од целиот свет. Тие испраќаат 11 милијарди пораки секој ден и добиваат 20 милијарди, корисници делат и 325 милиони фотографии на ден.

Иако „WhatsApp“ не привлекува особено медиумско внимание кон себе, компанијата може да се пофали со импресивни достигнувања. Таа има само 45 вработени, но и покрај тоа се користи од 50 проценти од населението на Хонг Конг и 70 проценти од населението на Брунеи.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП