петок, 27 мај 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРусија започна со развој на своја вселенска станица

Русија започна со развој на своја вселенска станица

Руската вселенска агенција во вторникот соопшти дека сака да формира своја вселенска станица до 2025 година затоа што Москва сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, објави дека започна изградбата на првиот модул на новата станица, откако официјалните лица предупредија дека Русија размислува да го напушти ISS, една од ретките области на соработка меѓу Москва и западните земји.

Објавувањето доаѓа во време на тензии во врска со обвинувањата за шпионажа, групирање на се поголем број руски и западни трупи на границите на Украина, нови санкции на Вашингтон кон Москва и влошената здравствена состојба на Алексеј Навални, главен критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

„Се работи на првиот модул на новата руска орбитална станица“, рече Рогозин.

Шефот на Роскосмос рече дека руската корпорација “Енергија” планира да го направи модулот „подготвен за лансирање“ во 2025 година.

Лансиран во 1998 година, ISS е еден од најамбициозните проекти за соработка во историјата на човештвото. Во него се вклучени Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција.

Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов неодамна изјави дека Москва размислува да го напушти ISS од 2025 година поради застареноста на станицата. Роскосмос во понеделникот објави дека одлуката за напуштање на станицата сè уште не е донесена.

„Откако ќе донесеме одлука, ќе започнеме преговори со нашите партнери за формите и условите за соработка по 2024 година“, соопшти руската агенција.

Русија минатата година го загуби монополот за испраќање астронаути на ISS од космодромот во Бајконур, Казахстан, по првата успешна мисија на американската компанија Спејс Х.

И покрај славната историја на истражување на вселената – Русија ја одбележа 60-годишнината од првиот лет на вселената на Јуриј Гагарин – вселенската програма на земјата се соочуваше со потешкотии во последните неколку години.

Рогозин објави голем број амбициозни планови, но неговата агенција се бори да се справи со зголемените кратења, а аналитичарите велат дека Путин е повеќе заинтересиран за воена технологија отколку за истражување на вселената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП