23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ: Културата на неказнивост и понатаму опстојува

РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ: Културата на неказнивост и понатаму опстојува

Годинава Северна Македонија бележи скок од 2 места на оваа листа и сега се наоѓа на 90-то место од вкупно 180 земји во светот. Денес беше објавен овогодинешниот индекс на Репортери без граници кој ја мери слободата на медиумите во државите низ светот.

Еден од основните проблеми кои ги истакнува извештајот на Репортери без граници е опстојувањето на културата на неказнивност кон насилството и нападите врз новинари. За оваа појава ЗНМ на повеќе пати јавно укажуваше во текот на минатата година и алармираше дека доколку не се казнуваат напаѓачите кон новинарите, насилството ќе продолжи а ова ќе биде нотирано и од меѓународните организации.

Во делот за нашата земја се наведува дека: „2020 година беше вонредна година за Република Северна Македонија. Парламентот се распушти, привремената влада ја презеде власта, а потоа мораше да се одложат предвремените парламентарни избори заради пандемијата Ковид-19 и соодветно прогласената вонредна состојба. Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да се закануваат и да ги навредуваат медиумите, а се зголеми и сајбер малтретирањето и вербалните напади врз новинарите на социјалните мрежи.“, се вели во извештајот на Репортери без граници.

Во извештајот доплнително се наведува дека известувањето беше комплицирано со тековната пандемија. Медиумските организации исто така остро се спротивставија на различните предложени измени и дополнувања на законот за државни и приватни медиуми со кои се овозможува државно рекламирање во медиумите со образложение дека може да го поттикне клиентелизмот. Министерството за правда подготвува нов кривичен законик кој што треба да овозможи безбедност за новинарите и медиумските работници.

Според последниот индекс за слобода на медиумите, од соседството, пред Северна Македонија се:  Косово на 78-то и Албанија на 83-то место, додека зад нас се наоѓаат Србија, на 93-то место, Црна Гора на 104-то и Бугарија на 112-то место. Потсетуваме дека Северна Македонија според индексот за слободата на медиумите во 2009 година беше на 34-то место од 175 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП