29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКога Џобс ќе го изгасеше неговиот телефон, вработените во „Apple“ знаеа дека...

Кога Џобс ќе го изгасеше неговиот телефон, вработените во „Apple“ знаеа дека тоа значи само една работа

Кога ќе одлучеше да одвои време за себе, Џобс го гасеше телефонот и им се посветуваше на своите „играчки“.

Досега се објавени бројни книги за Стив Џобс, и се напишани многу написи кои го опишуваат неговиот карактер и особините на лидер и работохолик, благодарение на што Apple ја направи една од најпознатите светски компании. Тој се грижеше и за најмалите детали за сите производи со цел да бидат совршени, според неговите стандарди. Се разбира, неговото име не се поврзува само со позитивни приказни, а вработените во компанијата често зборуваа за неговата донекаде агресивна природа и суровиот начин на кој се однесуваше кон вработените.

Иако се чини дека досега научивме повеќе или помалку сè за Џобс, од време на време се објавуваат некои нови информации и детали од неговиот живот. Една од овие досега непознати приказни за неговиот живот ја објави неговата поранешна асистентка Наз Бехести во неодамна објавената книга „Паузирај. Диши. Избери: Станете извршен директор на вашата благосостојба“. Во книгата, таа, меѓу другото, пишувала за времето кога Џобс знаел да земе за себе, и сите вработени знаеле добро што прави Џобс кога ќе се повлече и кога во ретки моменти ќе го исклучи својот iPhone. Тогаш Џобс се посветувал на своите, како што ги нарекувала Бехести – “играчки”.

“Овие, се разбира, не беа вистински играчки, туку прототипови на новите уреди на Apple. Џобс ќе се повлекуваше во канцеларијата на тогашниот главен дизајнер на Apple, Џони Ајв, за да му покаже нови идеи и прототипови на потенцијални уреди, а шефот на Apple ќе го исклучеше телефонот за никој да не ги вознемирува во тие моменти. Тоа беше една од клучните работи за неговиот успех како иноватор”, верува Бехести.

Заедничко време поминато во иста просторија со колегите, разговори во живо за нови идеи и иновации или т.н. браинсторминг на идеи се покажа како исклучително важен во развојот на производите на Apple. Со оглед на тоа што се менува начинот на работа поради коронавирусот, акцентот е ставен на работа од дома наместо од канцеларија, се поставува прашањето дали ова ќе влијае на иновативноста на компаниите. Вработените во некои компании, кога зборуваат за работа од дома и виртуелни состаноци, предупредуваат дека честопати најдобрите идеи за нови производи се создаваат за време на случајни разговори на паузите или кај машините за кафе. Со работа од дома, нема повеќе такви разговори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП