29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИЕдна од најголемите светски банки се шири во логистика, достава на храна...

Една од најголемите светски банки се шири во логистика, достава на храна и такси

Цутот на е-трговијата не е придружен со модерна автоматизирана логистичка инфраструктура, која е скоро непостоечка во Русија.

Во време на опаѓање на банкарскиот профит поради ниските каматни стапки, руската Сбербанк објави проширување на својот логистички бизнис во матичната земја за да го искористи глобалниот пораст на е-трговијата. Чекорот напред го најави главниот финансиски директор на најголемата руска банка, Александра Бурико, пренесува Ројтерс.

Покрај логистиката, Сбербанк одлучи да се прошири во голем број нови сектори, вклучувајќи испорака на храна, такси услуги, компјутерски клауд и компјутерска безбедност, во обид да ги искористи пошироките екосистеми на купувачи на финансиски услуги.

Според Ројтерс, доставата во Русија е исклучително предизвикувачка поради нејзината големина, бидејќи сочинува 17 проценти од земјината копнена површина. Поради пандемијата на коронавирусот и ограничувањата на движењето низ целиот свет, прометот во интернет трговијата се зголеми двојно минатата година, но сепак достигнува само 10 проценти од вкупниот промет на мало.

Во овие бројки, можноста ја препознаа големите руски компании, од приватни како Вајлдбери и Озон, до АлиЕкспрес Русија и Сбербанк и започнаа да инвестираат во логистика. Во следните три години, Сбербанк ќе потроши помеѓу 300 и 350 милијарди рубљи, или помеѓу 4 и 4,6 милијарди долари за операции надвор од рамките на традиционалното банкарство, а „значаен“ дел од таа сума ќе биде насочен кон логистика, рече Бурико, додавајќи дека планираат да инвестираат во модерна автоматизирана логистичка инфраструктура, бидејќи тоа е скоро непостоечко во Русија.

„Ќе имаме логистички центар во секој голем град или регион или во два региона, во зависност од локацијата“, рече Бурико. Ројтерс ја цитира изјавата дека логистичките центри ќе ја забрзаат испораката до сите поголеми и мали градови низ Русија, надополнувајќи ја мрежата на филијали на банки.

Патем, руската банка се обиде да влезе во областа на е-трговија во партнерство со други компании. Откако пропаднаа преговорите со Озон и Јандекс, Сбербанк влезе самостојно на пазарот.

Финансовата директорка повтори дека банката не планира никакви аквизиции оваа година, додавајќи дека тие исто така треба да се обидат да продаваат и облека преку Интернет. „Ние можеме сами. Всушност, потребен ни е само тим што знае да работи со продавачи“, рече Бурико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП