Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од починат донор.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на „Фејсбук“

