20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПентагон конечно потврди: Фотографиите и видеoзаписите од НЛО се автентични(ВИДЕО)

Пентагон конечно потврди: Фотографиите и видеoзаписите од НЛО се автентични(ВИДЕО)

Фотографиите и видеата од триаголни објекти кои треперат и се движат низ облаците, ги снимија пилотите на морнарицата.

Министерството за одбрана на САД потврди дека фотографиите и видеата на неидентификувани летечки објекти објавени во 2019 година се автентични и не се фалсификувани.

Фотографии и видеа на триаголни предмети како треперат и се движат низ облаците ги направија пилотите на морнарицата, изјави за Си-Ен-Ен портпаролката на Пентагон, Сју Гоф.

„Како што веќе рековме, со цел да се одржи оперативната безбедност и да се избегне откривање на информации кои би можеле да бидат корисни за потенцијалните противници, Министерството не дискутира јавно за деталите кои ги забележавме на нашиот воздушен простор или на нашите полигони за обука“ , рече таа.

Таа исто така кажа дека работната група за неидентификувани воздушни феномени, формирана во август минатата година, ги вклучила овие настани во своето истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП