16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle: Приходите се зголемија за 36 проценти

Google: Приходите се зголемија за 36 проценти

goog1

„Google“ во кварталот кој заврши на 31 декември 2012 година, оствари вкупно 14,42 милијарди долари приход, од кои 6 милијарди долари од приходите се остварени во САД, а остатокот надвор од тој пазар. Во споредба со минатата година, овој резултат е за 36 проценти подобар.

Вкупната заработка во текот на кварталот изнесува 2,89 милијарди долари. За споредба, „Google“ во истиот период претходната година имаше 2,71 милијарди долари профит, а во третиот квартал од 2012 година 2,74 милијарди долари профит. Резултатите на „Motorolа Mobility“, која е во сопственост на „Google“, не беа толку добри. Компанијата во последниот квартал оствари вкупно 1,51 милијарди долари приход, но со загуба во износ од 353 милиони долари.

Исто така, 2012 година е првата година во која годишниот обрт надмина 50 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП