19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Coinbase дебитираа на Nasdaq

Акциите на Coinbase дебитираа на Nasdaq

Акциите на Coinbase затворија на 328,28 долари на своето деби на берзата Nasdaq, со што пазарната капитализација на таа платформа за тргување со криптовалути достигна 85,8 милијарди долари.

Акциите на Coinbase пораснаа од ниво од 381 долари на дури 429,54 долари по акција на отворањето на тргувањето, по што се спуштија под почетното ниво на околу 310 долари, пренесува CNBC.

Сепак, дури и на тоа ниво, цената сè уште беше значително над референтниот износ од 250 американски долари утврден за Иницијалната јавна понуда (IPO).

Заобиколувајќи ја традиционалната постапка на IPO, Coinbase директно ги листираше своите акции, со што им овозможи на вработените и постојните акционери веднаш да ги продадат акциите по пазарна цена.

Пред дебито на берзата на Coinbase, најголемата крипто-валута во светот повторно го сруши сопствениот рекорд, надминувајќи ја вредноста од 64.000 долари за прв пат во историјата.

Имено, најстарата криптовалута зајакна во средата за повеќе од 6,0 проценти и се тргуваше за 64.829 долари. Биткоинот на тој начин го сруши рекордот двапати за помалку од 24 часа, бидејќи во вторникот за прв пат ја помина границата од 63 000 американски долари.

Од почетокот на годината, оваа криптовалута е зголемена за повеќе од двојно по својата вредност, со што нејзината пазарна капитализација достигна 1,2 трилиони долари.

Повеќето од топ 10 криптовалути го следеа трендот на раст на биткоинот. Исто така, етереум, по втор пат за само два дена, ја забележа највисоката цена на сите времиња, достигнувајќи 2.380 долари.

Што се однесува до Coinbase, компанијата основана во 2012 година како платформа за купување на биткоин, стана најпопуларна менувачница на криптовалути во САД, чијашто вредност вртоглаво се зголеми, заедно со вредноста на дигиталните валути.

Компанијата сега има 56 милиони корисници, во споредба со 43 милиони на крајот на 2020 година. Инвеститорите ја проценија вредноста на Coinbase на осум милијарди долари во последниот круг на приватно финансирање на компанијата, одржан во 2018 година.

Според CNBC, Coinbase го потресе јавниот пазар на капитал бидејќи рекордна сума на пари сега се истураат во крипто-валути.

Минатата недела, компанијата ги објави прелиминарните деловни резултати за првиот квартал, според кои приходите во тој период се зголемиле девет пати во споредба со 2020 година на 1,8 милијарди долари, а нето добивката пораснала од 32 милиони на 730 до 800 милиони долари. Бројот на месечни корисници (MTU) на Coinbase се зголемил во периодот јануари-март на 6,1 милиони од нивото од 2,8 милиони од претходните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП