25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ се задолжува 800 милијарди ЕУР за да се „опорави“ од корона...

ЕУ се задолжува 800 милијарди ЕУР за да се „опорави“ од корона кризата

Европската унија се подготвува да позајми 800 милијарди евра до 2026 година за реализација на фонд за закрепнување од економските последици од пандемијата на коронавирусот, пренесува турската државна агенција Анадолија.

Европскиот комесар за буџет Јоханес Хан ја претстави стратегијата за финансирање на фондот за закрепнување „Нова генерација ЕУ“, кој беше подготвен со цел да се надмине економската криза предизвикана од глобалната пандемија.

Хан рече дека Европската комисија годишно ќе собира до 150 милијарди евра од пазарот на капитал за да го финансира пакетот за опоравање.

„Европската комисија ќе користи разновидна стратегија за финансирање за да собере околу 800 милијарди евра до 2026 година по моменталните цени“, рече Хан.

Како што објасни, ресурсите ќе се собираат под поволни услови, по што ќе бидат пренесени на земјите-членки во согласност со плановите за инвестиции и реформи.

Хан рече дека долгот за оваа намена ќе биде вратен до 2058 година, почнувајќи од 2026 година, истакнувајќи дека тие веќе работат на предлог закон за ова прашање, кој ќе биде објавен до крајот на јуни.

По долги преговори, земјите-членки на ЕУ постигнаа договор во декември минатата година за фонд за закрепнување од 750 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП