20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ не успеа да обезбеди принуден откуп на акции во српската Комерцијална...

НЛБ не успеа да обезбеди принуден откуп на акции во српската Комерцијална банка

Со понудата за преземање, мнозинскиот сопственик на српската Комерцијална банка, словенечката НЛБ банка, не успеа да го надмине прагот од 90 проценти и со тоа да создаде услови за принудно купување на акции од преостанатите малцински акционери, објави брокерската куќа Моментум.

НЛБ купи 4,8 проценти од обичните акции на Комерцијална по цена од 3.315,47 динари, со понуда склучена на 9 април, со што достигна сопственички удел помал од 88 проценти.

Според актуелните закони, за принуден откуп на акции, мнозинскиот сопственик треба да го надмине прагот од 90% од акциите.

Кога станува збор за приоритетните акции на истиот издавач, во кои НЛБ не поседувале ниту една акција, таа успеа да купи 15,3 проценти од вкупниот број по цена од 934,72 динари по акција.

Цената во понудата за преземање на обичните акции беше идентична со цената по која НЛБ го плати контролниот пакет на акции на државата, додека цената за приоритетните акции беше поставена како шестмесечен пондериран просек на тргување на белградската берза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП