26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ги забележите овие 6 симптоми по вакцинирањето, побарајте лекарска помош

Ако ги забележите овие 6 симптоми по вакцинирањето, побарајте лекарска помош

Несакани ефекти кои се јавуваат во рок од два или три дена по вакцинирањето се очекувани и чести. Повеќето од нив се со блага и локална природа и не бараат дополнителна медицинска помош, пишува “Ординација”.

Веројатноста за нарушувања на коагулацијата на крвта како можен несакан ефект од вакцинацијата е исклучително мала, но луѓето треба да бидат свесни за можните симптоми со цел да ги препознаат и да побараат итна медицинска помош која ќе им овозможи навремено лекување и намалување на ризикот од компликации.

Згрутчување на крвта придружено со мал број на тромбоцити може да се појави четири до 20 дена по вакцинацијата. Вакцинираните лица треба да побараат итна медицинска помош доколку ги забележат следниве симптоми:

-отежнато дишење
-болка во градите
-оток на нозете
-продолжена болка во стомакот
-невролошки симптоми, како што се силна и продолжена главоболка или заматен вид
-знаци на ситни точкасти крварења (модрици) на кожата подалеку од местото на вакцината

Податоците за фреквенцијата и факторите на ризик за појава на овие многу ретки видови на несакани ефекти сè сеуште малку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП