5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ годинава најголем дел од граѓаните ќе летуваат на домашен терен

И годинава најголем дел од граѓаните ќе летуваат на домашен терен

Туристичките работници  оваа летна сезона не очекуваат да биде нешто по различна од онаа лани кога и почна пандемијата. Сметаат дека и оваа година најголем дел од граѓаните  ќе летуват во домашните туристички дестинации, а дел и во земјите каде нема да треба да се исполнат некои услови за влез, како на пример  потребата од негативен ПЦР тест.

“Простор за подобрување на ситуацијата се гледа во вакцините пред се и со точно утврдени услови за патување. Летово очекуваме дека домашните туристи најмногу ќе летуваат дома и во земјите каде што нема потреба од тест како Албанија, за Турција чекаме да го укине ПЦР тестот, но и  Грција доколу се отвори поради близината и ваучерите кои ги имаат граѓаните, но бројот ќе биде многу помал од порано”, вели Ана Марија Алексова туристички работник.

Инаку според статистиката бројот на туристи во февруари годинава во споредба со истиот месец лани е намален за околу 42 проценти. Бројот на домашни туристи  е паднат за 10 отсто, а на странските гости за 60 проценти. Од туристичкиот сектор велат дека во моментов интерес нема за никаде , токму заради лошата епидемиолошка слика, високите бројки и полицискиот час кој е воведен.

“Странски туристи речиси и да нема, а и нашите граѓани не одат надвор, единственото движење им е тука дома, но и тука е мал процентот. Во зимскиот период имаше интерес за планинските места, а како се подобрува времето очекуваме да има интерес и за Охрди, Струга, Преспа. Состојбата е неизвесна, но очекуваме  да дојдат и некој странски туристи. Сепак тоа главно ќе зависи од политиките во другите држави –  дали кога ќе се вратат дома ќе треба да бидат во карантин или ќе треба да приложат негативен ПЦР тест”, додава Алексова.

Од секторот појаснуваат дека и покрај  тешката ситуација во која се наоѓаат, бројот на вработени во туристичките агенции не опадна многу. Сепак агенциите со по 10 вработени, односно оние помалите, биле принудени да го преполоват бројот на работници поради немањето работа и за да ги намалат трошоците. Најголем дел од бизнисите во оваа дејност се фамилијарни. Заедно со угостителството, туристичкиот сектор е еден од најпогодените од коронавирусот. За постепено надминување на последиците и за да можат да опстанат, туристичките работници веќе неколку пати посочија дека е неопходно да има континуирана поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП