19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватскиот Rimac Automobili ќе гради кампус вреден 200 милиони евра(ВИДЕО)

Хрватскиот Rimac Automobili ќе гради кампус вреден 200 милиони евра(ВИДЕО)

Хрватскиот производител на електрични хиперавтомобил Rimac Automobili во понеделникот претстави проект вреден 200 милиони евра кој вклучува тест патека, сместувачки капацитети, музеј и други погодности, на само 16 километри од центарот на градот Загреб.

Идниот комплекс, кој ќе опфаќа 200.000 квадратни метри во сателитското место во Загреб, Света Недела, треба да биде готов до 2023 година. Капацитетите за производство и истражување и развој ќе бидат распространети на 95.000 квадратни метри, а 35 проценти од земјата ќе биде покриена со вегетација.

На долг рок, во новиот кампус треба да се вработат околу 2.500 лица.

„Рефлектирајќи го својот статус како стратешки партнер денес во Hyundai-Kia и Porsche, Rimac сега се обидува да ги собере сите свои луѓе и функции на едно уникатно, спектакуларно место“, рекоа од Rimac Automobili во соопштението за медиуми на својата веб-страница.

Комплексот е дизајниран од канцеларијата на архитектите 3LHD и тој ќе биде основа за истражување и развој и производство, овозможувајќи и на компанијата да прерасне од производство на прототипови до големи системи за производство на електричен погонски систем и батерии за многу глобални автомобилски компании, се вели во соопштението.

За разлика од повеќето фабрики за автомобилската индустрија кои се опкружени со високи огради и ниво на тајност, кампусот Rimac ќе биде отворен за јавноста, обезбедувајќи интеракција со посетителите, гостите, љубопитните трагачи и пријателска средина за своите работници.

Основачот на Rimac Automobili, Мате Римац рече дека пред 10 години во „оваа компанија бев само јас во гаража, работејќи на електрични перформанси на возилата и компоненти“.

„Оттогаш, пораснавме на околу 1.000 вработени, формиравме стратешки партнерства со Порше, групацијата Хјундаи мотор и други и работиме со најголемите имиња во автомобилската индустрија. Но, една работа на која секогаш сме се залагале е развој на нашиот бизнис во Хрватска. Горди сме што сме тука и со оваа нова локација, тоа ќе биде нашиот долгорочен дом “, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП