25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСофтвер кој брои типкања на тастатурата: Шефот ја контролира работата од дома

Софтвер кој брои типкања на тастатурата: Шефот ја контролира работата од дома

Работодавачите во Холандија контролираат најмалку 13 проценти од вработените кои работат од дома преку софтвер на компанијата, покажа истражувањето на холандскиот синдикат CNV.

Станува збор за повеќе од половина милион вработени, а синдикатот, доколку е потребно, ќе преземе законски мерки со цел да ги заштити правата на своите членови, објави холандската телевизија НОС.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, пред повеќе од една година, вработените работат од дома каде постои таква можност, со цел да се намали ширењето на инфекцијата.

Бидејќи физичкиот контакт со вработените е заменет со дигитален контакт, така и дигитализирана е контролата врз вработените, а доколку изборот го имаат големите работодавци, овој тренд ќе продолжи и по пандемијата.

Истражувањето спроведено од холандскиот синдикат CNV меѓу 1.200 нејзини членови, потврди дека работодавците контролираат над 13 проценти од своите работници со софтвер за следење на работата од дома.

Претседателот на синдикатот, Пит Фортаун, рече дека „тој број е веројатно многу поголем, бидејќи не сите вработени ги знаат деталите за софтверот во кој работат“.

Иако повеќето поплаки доаѓаат од вработените во контакт центрите, според Фортаун, контролата врз вработените кои работат од дома е застапена во сите сектори: во државните служби, деловните услуги и индустријата.

„Работодавачите, на пример, телефонски проверуваат дали вработените работат. Во други случаи, тие користат софтвер за следење кој го евидентира бројот на притискања на тастатурата, движењата на глувчето или следат дали вработениот е најавен и активен. Во суштина, станува збор за чиста контрола и вработените тоа го перципираат токму на тој начин“, изјави Фортаун.

Дека холандските компании сè повеќе користат софтвер за мониторинг, потврдува и Капетра (Capterra), веб-страница за споредување на софтвер.

Во првиот квартал од оваа година, побарувачката за овој вид софтвер се зголеми за скоро 60 проценти во споредба со истиот период минатата година, пред пандемијата.

Не е забрането, но…

Иако следењето на вработените од страна на работодавачот не е забрането, мора да се исполнат одредени услови.

Работодавачот мора да има легитимна причина што ги надминува интересите и правата на работникот, како што се, на пример, правото на приватност.

Покрај тоа, работникот мора да биде информиран во секое време дека работодавачот го контролира. Тајната контрола е дозволена и со закон, но само доколку постои основано сомневање за злоупотреба.

По внимателно разгледување на секоја жалба, синдикатот на CNV ќе контактира со работодавачот и ќе преземе правни активности за заштита на вработените доколку е потребно.

Од друга страна, холандската агенција за заштита на лични податоци (AP) доби многу малку поплаки од вработените.

Според претставниците на Агенцијата, причината најверојатно е фактот што вработените не се свесни колку далеку одат работодавците во контролирањето на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП