18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Skoda Octavia“ конечно ја доби верзијата „Sportline“ (ФОТО)

„Skoda Octavia“ конечно ја доби верзијата „Sportline“ (ФОТО)

Предводникот „Superb“ беше првиот модел на „Skoda“ кој ја доби верзијата „Sportline“ во 2015-та година, а потоа се појави и на кросоверите „Kodiaq“, „Karoq“ и „Enyiaq iV“. Сега е време најпопуларниот модел на брендот – „Octavia“, да биде опремен со вакво ниво на опрема.

Црните елементи на дизајнот на каросеријата визуелно ја одделуваат „Octavia Sportline“, која исто така добива мал заден спојлер во верзијата лифтбек. Ќе биде достапен и караван, а во стандардната верзија ќе добие и 17-инчни тркала. Тркалата од 18 и 19 инчи, специјално развиени за оваа верзија, се достапни со дополнителна доплата.

Внатрешноста на автомобилот во голема мерка го повторува нивото на опремата „Style“, но додадени се и црни украсни ленти, како и спортски седишта со потпирачи за глава. Воланот е украсен со логото на „Sportline“, а на праговите на вратите стои натписот „Octavia“. Стандардната опрема вклучува „USB-C“ приклучок вграден во ретровизорот за да може полесно за возачот да поврзе видео камера.

Верзијата „Sportline“ на „Octavia“ е достапна со огромен избор на погонски единици – бензин, дизел, природен гас и хибриди (мек и на полнење). Во зависност од изборот на мотор, тој може да се комбинира со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Голема новина кај моторите е 2.0-литарскиот „TSI“ моторот со 190 ks. Тој беше достапен на крајот од животниот циклус на последната генерација на „Octavia“, кога го замени стариот 1.8-литарскиот „TSI“, но само сега ќе биде достапен за четвртата генерација на моделот. Моторот е комбиниран само со погон на четири тркала и менувач „DSG“.

Лифтбекот во новата верзија забрзува од 0 до 100 km/h за 7,5 секунди, со максимална брзина од 230 km/h. Перформансите на караванот не се откриваат, барем во моментов.

За дополнителен надомест, „Octavia Sportline“ може да се нарача со системот „DCC Dynamic Chassis Control“, кој нуди најмалку 15 поставки за амортизери – од удобни до спортски. Дополнително се плаќа и централното воздушно перниче помеѓу предните седишта, како и асистентот за избегнување судир, асистентот за завртување и асистентот за заштита при превртување. По вклучувањето на „Sportline“, на палетата на „Octavia“ и недостасува само најлуксузната верзија „Laurin & Klement“, но прашање на време е кога ќе се додаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП