„Lenovo“ го претстави наследникот на минатогодишниот гејмерски телефон „Legion Duel“, наречен „Legion Duel 2“. Телефонот се одликува со два приклучоци за полнење, два вентилатори за ладење, два линеарни мотори за тактилен одговор и два пара ултрасонични гејминг копчња. Поп-ап селфи камерата е сместена на страната на рамката, но овој пат е тука со сензор од „Samsung“ од 44MP.
„Legion Phone Duel 2“ се одликува со 6,92 инчен „AMOLED“ екран, со брзина на освежување од 144Hz и поддршка за „HDR10 +“. Резолуцијата на екранот е „FHD +“ (2460 x 1080p), а панелот поддржува максимална осветленост од 1.300 nits и има симетрични рамки.
Бидејќи ова е телефон фокусиран на игри, „Legion Duel 2“ има различен сет на дополнителни контроли. На дисплејот има две „force touchpoint“, два пара ултрасонични гејминг копчиња на страните на рамката и две капацитивни тастери на задниот дел од уредот.
Задниот дел е украсен и со уникатен дизајн со два квадратни елементи меѓу кои се наоѓа систем со камери, вентилатори за ладење и логото на „RGB Legion“. Системот на камерата е идентичен со оној на минатогодишниот модел и се состои од 64MP главен сензор и 16MP ултра-широка камера.

Двајцата вентилатори работат во тандем, каде во горниот влегува топол воздух и го спроведува преку бакарен топлински спроводник, додека другиот вентилатор служи за издувување на воздухот. „Lenovo“ тврди дека телефонот нуди 30% подобрување на топлинската ефикасност во споредба со претходниот модел на „Legion Phone“.
Премиум чипсетот „Snapdragon 888“ е задолжен за барање за обработка и доаѓа со 12 GB, 16 GB или 18 GB RAM меморија, како и 256 GB и 512 GB простор за складирање. Батеријата, со капацитет од 5.500mAh, е поделена на две ќелии од 2.750mAh. „Lenovo ZUI 12.5“, кој е базиран на „Android 11“, е задолжен за софтверската поддршка на телефонот.
Полнењето преку една порта е можно со брзина до 65W, а опционалниот адаптер ја зголемува брзината на полнење до 90W и може да ја полни батеријата до 100 проценти за 30 минути. „Lenovo“ имплементираше систем за заштита на батеријата, кој ја следи топлината и брзината на полнење за оптимални перформанси и долгорочно зачувување на батеријата.
„Lenovo Legion Phone Duel 2“ пристигнува во „Ultimate Black“ и „Titanium White“ варијанти на бои, а од овој месец ќе биде достапен и во Кина. Продажбата во Европа започнува во мај, по почетна цена од 799 евра за моделот 12/256GB до 999 евра за моделот 16/512GB.