26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроценката на „StockX“ скокна на 3,8 милијарди долари

Проценката на „StockX“ скокна на 3,8 милијарди долари

Компанијата за препродажба на патики „StockX“ ја заврши новата рунда на прибирање средства, која ја процени на 3,8 милијарди долари, пишува „CNBC“.

„Оваа вест сугерира високо признавање и возбуда за долгорочната вредност на бизнисот на „StockX““, рече извршниот директор Скот Катлер во соопштението за јавноста.

„Основните промени во однесувањето на купувачите и инвеститорите обезбедуваат огромна можност на „StockX“ да расте“, додаде тој.

„Altimeter Capital“ го предводеше кругот, кој вклучува претходни инвеститори и нови како што е „Dragoneer Investment Group“. Компанијата исто така потврди дека некои од нејзините вработени ќе продаваат акции. Оваа вест ја зголеми проценката на „StockX“ за 35% во споредба со декември 2020-та година, кога изнесуваше 2,8 милијарди долари.

Според Џеред Мидлман, партнер во „Dragoneer“, компанијата се етаблирала како една од најважните онлајн продавници за млади потрошувачи.

„Оваа позиција отклучи голем број ветувачки нови можности за раст и ние сме возбудени што го поддржуваме тимот на „StockX“ додека работи на реализација на овој потенцијал“, вели Мидлман.

Според извори, „StockX“ планира да излезе во јавноста во втората половина од 2021-ва година. Како одговор на овие шпекулации, портпарол на компанијата изјави: „Во моментов, нашиот фокус е на глобалното ширење и диверзификација на категориите производи, бидејќи продолжуваме да ја развиваме нашата основна дејност. Имаме огромни можности пред нас и нашата мисија во моментов е да ги искористиме предностите“.

Компанијата, некогаш позната како „Sneaker Stock Exchange“, ги зголеми своите понуди потпирајќи се на торби, електроника и многу повеќе. Но, нејзината основна дејност останува иста – потрошувачите можат да купуваат или продаваат стоки на отворен пазар, со тоа што „StockX“ нуди платформа и слична содржина поврзана со она што го нарекува „сегашна култура“.

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми продажбата на спортски производи и од сето тоа профитираше „StockX“. Во 2020-та година компанијата генерираше приходи од над 400 милиони долари. Бруто обемот на продадена стока достигна 1,8 милијарди долари.

Пазарот за препродажба станува сè попопуларен кај потрошувачите од сите возрасти. Сајтот „The Real Real“, на пример, излезе во јавноста во 2019-та година, а „Poshmark“ дебитираше на берзата претходно во оваа година. „StockX“ се натпреварува со слични платформи како што се „Stadium Goods“ и „GOAT“, но се смета за лидер на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП