20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто е "Сигнал", конкурентската апликација на Фејсбук која ја користи и Марк...

Што е “Сигнал”, конкурентската апликација на Фејсбук која ја користи и Марк Цукерберг?

Марк Цукерберг беше меѓу 533 милионите корисници на Фејсбук од 106 земји чии лични податоци ги објавија хакерите на еден форум.

Телефонскиот број на Цукерберг, локацијата, името, датумот на раѓање, детали за бракот и корисничката лична карта на Фејсбук беа меѓу украдените лични информации. Сајбер-истражувачот Дејв Вокер потврди дека и личните податоци на коосновачите на Фејсбук Крис Хјуз и Дастин Московиц излегле во јавност.

„Во невообичаен настан, откриено е дека Марк Цукерберг исто така ја почитува својата приватност и користи апликација за разговор која има енкрипција од крај до крај и не е во сопственост на Фејсбук“, напиша Вокер на Твитер.

Апликацијата која ја користи Цукерберг се вика Сигнал(Signal).

“Сигнал” веќе ја користат 20 милиони луѓе

Сигнал е безбедна апликација за криптирање пораки која ја користат 20 милиони луѓе. Може да се сфати како алтернатива на WhatsApp, Facebook Messenger, Skype, iMessage и SMS. Сигнал е достапна за Android, iPhone и iPad. Сè што ви треба за да се логирате, е само телефонски број и таа е целосно бесплатна.

Корисничкото искуство на Сигнал е како WhatsApp, Facebook Messenger и другите популарни апликации за разговор. Тоа е апликација за пораки со карактеристики како индивидуални пораки, групи, налепници, фотографии, пренос на датотеки, говорни повици, па дури и видео повици. Може да имате групни разговори со до 1000 лица и групни повици со до осум лица.

Сигнал не е во сопственост на голема технолошка компанија и е основана од непрофитна фондација финансирана од донации. За разлика од Фејсбук, сопствениците на Сигнал не се ни обидуваат да заработат пари. Сигнал не се обидува да собере еден куп информации за вас или да ви покажува реклами, пишува Howtogeek.com.

Целата комуникација на Сигнал – вклучително и индивидуални пораки, групни пораки, пренос на датотеки, фотографии, говорни повици и видео повици – е шифрирана од крај до крај. Само луѓето вклучени во комуникацијата можат да ги видат, а компанијата која управува со Сигнал не може да ги види дури и ако сака.

Ова е многу поразлично од традиционалните апликации за пораки. На пример, Фејсбук има пристап до сè што ќе кажете во Фејсбук Месинџер.

Сигнал нуди и други карактеристики на приватност, вклучително и самоуништувачки (исчезнувачки) пораки кои автоматски ќе се отстранат по одреден временски период.

Сигнал не собира информации за вас. Дури и ако Сигнал подлежи на судска покана за да биде принуден да открие што знае за вас, не би било важно бидејќи компанијата не знае скоро ништо за вас и за вашите активности на Сигнал. Сигнал може да го открие само телефонскиот број на вашата сметка, последниот датум на поврзување и времето на создавање на сметката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП