26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Qatar Airways“: За патување ќе биде потребна вакцинација

„Qatar Airways“: За патување ќе биде потребна вакцинација

Извршниот директор на една од најдобрите авиокомпании во светот објави дека барањето за вакцинација против Ковид-19 веројатно ќе стане тренд за индустријата, во обид на компаниите да го обноват својот бизнис, кој беше сериозно погоден од пандемијата.

„На краток рок, да, мислам дека пасошите за вакцинација ќе помогнат со давање на потребната доверба и на владите и на патниците да започнат повторно да патуваат“, изјави Акбар Ал Бејкер за „CNBC“.

На прашањето кога вакцинацијата ќе стане неопходен услов за патувања, Ал Бејкер објасни: „Мислам дека ова ќе стане тренд во нашата индустрија затоа што луѓето треба да патуваат и треба да се одморат додека се наоѓаат во авионот“.

„Мислам дека ова ќе биде трендот сè додека не стане јасно дека постои ветувачки лек за пандемијата“, додаде тој.

Разговорот се совпадна со полетувањето на првиот лет на „Qatar Airways“, кој имал само вакцинирани патници во авионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП