26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Forbes": Џеф Безос останува најбогатиот човек на светот

“Forbes”: Џеф Безос останува најбогатиот човек на светот

Богатството на основачот на Амазон се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред конкуренцијата.

Годишната листа на милијардери на Форбс вклучува рекордни 2.755 луѓе, а на чело е основачот на Амазон, Џеф Безос, кој е официјално најбогатиот човек на светот веќе четири години.

Богатството на Безос се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред конкуренцијата.

Луѓето кои имаат богатство од над милијарда долари вкупно имаат 13.000 милијарди долари, што значи дека заработиле 5.000 милијарди за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи на минатогодишната листа нивното богатство вредеше 8.000 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск се искачи од 31-то место на второто и неговото богатство се проценува на 155 милијарди долари.

Бернард Арно, извршен директор на ЛВМХ, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг исто така се меѓу првите пет најбогати луѓе во светот.

Повеќе од половина од светското богатство е во рацете на првите 20 милијардери на списокот и изнесува 2,1 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП