29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2021 година вкупниот промет изнесувал 757.514.703 денари и е намален за 45,52 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 424.295.968 денари и е намалено во однос на февруари за 57,76 отсто кога изнесувало 1.004.456.344 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 321.690.974 денари и обврзници во вредност од 102.604.994 денари.

Блок трансакциите во март изнесувале 333.218.735 денари и се намалени за 13,70 отсто во однос на февруари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.466 и е намален за 42,19 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.536.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за март 2021 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП