11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната вредност на „Tesla“ може да порасне за околу 50 милијарди долари

Пазарната вредност на „Tesla“ може да порасне за околу 50 милијарди долари

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla Inc“ може да додаде околу 50 милијарди долари на својата пазарна капитализација бидејќи нејзините акции пораснаа за скоро 8 проценти порано во текот на денот при најавените испораки во првиот квартал, зголемени од силната побарувачка во Кина.

Така, акциите на компанијата ја достигнуваат својата најголема вредност за повеќе од еден месец.

Во петокот, „Tesla“ објави дека е поткрепена од силната побарувачка на „Model Y“ во Кина и дека брзо напредува за да ги пополни своите производствени капацитети.

Аналитичарите остануваат оптимистични бидејќи групата известува за позитивни податоци и покрај глобалниот недостиг на чипови што го погоди речиси целиот автомобилски сектор. Наспроти позадините на нарушените снабдувачки синџири, „Tesla“ сепак успеа да произведе приближно иста количина електрични возила во првиот квартал од годинава како и во претходниот квартал.

Најмалку три брокери ги зголемија цените за акциите на компанијата. „Wedbush“ беше најагресивен во својата прогноза, зголемувајќи ја својата цел за 50 до 1.000 долари, што е далеку над просечната цел од 712,50 долари, според „Refinitiv“.

Во првиот квартал од 2021-ва година, „Tesla“ успеа да испорача 184.800 автомобили ширум светот, што е над предвидувањата за испорака на 177.822 автомобили.

„Одлична работа од тимот на „Tesla“!“, напиша Маск на „Twitter“.

Според Дан Авис од инвестициската компанија „Wedbush“, продажбата на американскиот концерн годинава може да надмине 850.000 возила.

„Иако секторот за електрични автомобили и акции на „Tesla“ беше под притисок досега во оваа година, ние веруваме дека струјата се враќа назад и импресивните нарачки во Кина не можат да се игнорираат“, рече Авис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП