19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„GameStop“ планира да продаде акции за една милијарда долари

„GameStop“ планира да продаде акции за една милијарда долари

Акциите на „GameStop Corp“ паднаа за 12% откако трговцот на видео игри соопшти дека може да продаде акции во вредност до една милијарда долари за да го искористи вртоглавиот пораст на акциите во оваа година, објави „Reuters“.

Компанијата соопшти дека ќе продаде до 3,5 милиони акции и ќе ги искористи средствата за забрзување на транзицијата на својот деловен модел кон е-трговија.

Акциите на „GameStop“ се зголемија повеќе од 900 проценти во оваа година, со што пазарната капитализација на компанијата се зголеми на 34 милијарди долари во еден момент.

„GameStop“ ги предупреди инвеститорите дека купувањето акции од нејзината понуда може да доведе до „значителна“ загуба доколку падне цената на акциите.

Новиот проспект за јавна понуда, поднесен до Комисијата за хартии од вредност на САД, заменува друг проспектор за декември што го регистрираше „GameStop“ за продажба на акции во вредност од 100 милиони долари. Компанијата соопшти дека не продала никакви акции според постапката на наддавање објавена кон крајот на декември.

„GameStop“ исто така објави дека глобалната продажба за деветнеделниот период што заврши на 4-ти април се зголеми за околу 11%. Акциите на компанијата паднаа на 168,76 долари по акција за време на прелиминарното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП