11 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Ковид-19 го смени најскапиот пазар на недвижнини во светот?

Како Ковид-19 го смени најскапиот пазар на недвижнини во светот?

Малата медитеранска земја Монако продолжува да биде најскапото место за купување имот, се вели во извештајот на консултантската компанија „Savills“.

Во 2020-та година, просечната цена на квадратен метар беше 47.600 евра (околу 55.800 американски долари), што претставува пад од 1,1% во споредба со 2019-та година, покажуваат податоците.

Сепак, има намалување на бројот на трансакции, соопшти компанијата. Минатата година тие беа за 11 проценти помалку отколку во 2019-та година.

Купувањето на вили и станови со четири или повеќе спални паднале за 53% и 38%, соодветно. Продажбата на недвижнини од над 10 милиони евра е 39% помала, се вели во извештајот.

Најголем број продажби се реализирани во областа Монте Карло. Тие сочинуваат 34% од вкупниот обем, што е раст од 14% на трансакциите.

„Savills“ коментира дека целокупниот пад на продажбата во Монако главно се должи на ограничувањата на патувањето предизвикани од пандемијата со Ковид-19 во минатата година.

Ова доведе до одлив на меѓународните играчи, а пазарот е воден главно од локалните купувачи.

Пандемијата влијаеше и на пазарот за изнајмување, кој забележа просечен пад на цената од 23% во 2020-та година до 89 евра за метар квадратен.

Сепак, анализите на компанијата се оптимистички за иднината и се верува дека по олеснувањето на мерките и падот на ограничувањата, повторно ќе има раст на трансакциите.

 „Интернационалниот интерес за Монако продолжи во 2020-та година и очекуваме да видиме раст на побарувачката и за продажба и за изнајмување на имоти откако ќе бидат укинати ограничувањата за патувања“, рече Ирене Лук, шеф на „ Savills “ во земјата.

Хонг Конг и Њујорк исто така ги задржуваат своите места на ранг-листата на „Savills“ и се рангираат на второ и трето место.

Купувањето по квадратен метар имот во азискиот град чинеше просечно 39.600 евра, додека во „Големото јаболко“ цената беше „едвај“ 22.200 евра за метар квадратен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар