Челните лица на британските авиокомпании апелираа до премиерот Борис Џонсон да ги укине меѓународните ограничувања за патувања воведени од владата во следните недели.
Британската влада објави ограничувања на меѓународните патувања до 17-ти мај, а по тој датум, воведување на ограничувањата ќе бидат засновани на проверки на ризик кои би имале црвен, жолт и зелен статус, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
„Разбираме дека ограничувањата на меѓународниот воздушен сообраќај не можат да бидат укинати пред 17-ти мај. Сепак, ние веруваме дека нема економско закрепнување без воздушен сообраќај и убедени сме дека имаме разумни безбедносни инструменти чијашто примена може да ни овозможи да ги продолжиме меѓународните летови во мај со продолжување на трговијата и деловното работење, олеснувањата на семејните собири и овозможувањето на Британците да уживаат во заслужениот одмор“, се вели во заедничкото писмо на лидерите на британските авиокомпании до премиерот Борис Џонсон.
Британскиот премиер се очекува денеска да ја информира јавноста за насоките на неговата влада во врска со олеснувањето на рестриктивните мерки за меѓународните патувања.