19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle развива сопствен процесор за мобилни телефони

Google развива сопствен процесор за мобилни телефони

Следната генерација на мобилни телефони на Google од серијата Pixel треба да биде претставена оваа есен. Ако именувањето на серијата Pixel продолжи како порано, многу веројатно ќе не чека модел на Pixel 6, а порталот 9to5Google ексклузивно открива дека ова треба да биде првата линија на Pixel која ќе се базира на процесор на Google.

Наместо да се потпира на Qualcomm и нивната популарна линија на мобилни процесори Snapdragon, Google одлучи да тргне по својот пат, како и што направи Apple. Уште минатата година, првиот човек на компанијата, Сундар Пичаи, објави дека ќе започне да инвестира сè повеќе во развој на сопствен хардвер, што уште тогаш многумина го протолкуваа како влегување во дизајнирање и производство на сопствени чипови.

Новите информации сега велат дека во подготовка е првиот мобилен SoC на Google, код GS101 (наводно кратенка од „Google Silicon“) и со кодно име Whitechapel . Google, наводно го развива во соработка со Samsung и треба да биде подготвен за производство веќе оваа година – точно на време за лансирањето на Pixel 6.

Според достапните информации, првиот процесор на Google треба да има 8 ARM-јадра – два вида Cortex-A78, два типа Cortex-A76 и четири Cortex-A55 јадра. Ќе има и графички потсистем ARM Small GPU, и сè ќе биде произведено во погоните на Samsung на 5-нанометарска технологија. Според карактеристиките, се очекува Whitechapel да може да се натпреварува со повисоката средна класа на мобилни процесори (како серијата Snapdragon 7).

Она што Google би го стекнал со производство на сопствени чипови е поголема контрола над екосистемот и надградбите на драјверите, бидејќи повеќе нема да зависи од Qualcomm. Ова може да го продолжи времето за поддршка кое ќе го имаат уредите од серијата Pixel. Некои проценуваат дека купувачите на Pixel базирани на SoC на Google би можеле да очекуваат 5, наместо сегашните 3 генерации на надградби на Android.

Слично на „Apple“ со процесорот „М1“, и „Google“ наводно планира со текот на времето да ги префрли своите “Google Silicon” АРМ решенија и за на лаптопи. Ова значи дека Chromebook може да се заснова и на архитектурата на ARM во догледна иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП