25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRange Rover доби уште полуксузна верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Range Rover доби уште полуксузна верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Британскиот производител „Land Rover“ претстави две нови верзии на својот предводник „Range Rover SVAutobiography“. Тие на името го добиваат додатокот „Ultimate“, од кои едната има продолжено меѓуоскино растојание.

Цените на двете верзии за Велика Британија се 147.411 фунти за стандардната „Dynamic“ варијанта и 183.076 фунти за проширената верзија. Секој автомобил од оваа серија е рачно завршен од одделот за нарачки „SV Bespoke“ на „Land Rover“ во техничкиот центар за специјални возила во Варвикшир.

Оние кои сакаат да ги поседуваат овие два автомобили ќе можат да избираат помеѓу две единици – 5,0-литарски бензинец V8 со механички компресор и 575 КС и хибриден „P400e“. Вториот поминува до 40 км само на електрична енергија, со официјално објавените нивоа на штетни емисии од производителот 75 g/km.

„Dynamic“ моделот е насочен кон возачот, а суспензијата и управувачот се подесени за дополнителна агилност на патот. Системот за динамички одговор на „Land Rover“ помага во контролата на наклонот на каросеријата, а висината на самиот „SUV“ се намалува за 8 mm. Овие подобрувања се достапни само за варијанта со стандардно меѓуоскиното растојание.

„SUV“-от има и 22-инчни алуминиумски тркала со пет краци, како и боја на каросеријата во „Orchard Green“. Покривот е во контраст со „Narvick Black“, во кој се обени и ретровизорите и бакарните детали околу „Range Rover“ и „SV“ натписите.

Внатрешноста се одликува со кожа „Tan“ и дополнителни елементи од јаглеродни влакна. Клиентите исто така можат да изберат кожен тапацир изработен од италијански специјалисти од студиото „Poltrona Frau“.

Централната конзола има часовник креиран од производителот на часовници „Zenith“, а специјална плоча под ротациониот прекинувач за менување брзини покажува дека автомобилот е изменет од одделот „SV Bespoke“.

Моделите на меѓуоскино растојание нудат седишта од винил кожа со функции за греење, ладење и масажа. Според „Land Rover“, просторот за нозете на патниците достигнува 1,2 метри, а за максимална удобност се нудат специјални влошки. Масичките на преклопување може дас е собарат и има и фрижидер за пијалоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП