19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританската „Endava“ го купува американскиот „Levvel“

Британската „Endava“ го купува американскиот „Levvel“

Британскиот провајдер за технолошки услуги „Endava“ објави дека ја купил американската технолошка компанија „Levvel“.

Во изјавата за медиумите од „Endava“, која работи и во Македонија, се вели дека спојувањето ќе ги забрза плановите за проширување на бизнисот во САД, бидејќи „Levvel“ е со седиште во Шарлот, Северна Каролина. Покрај тоа, ќе го зголеми пристапот до клиентите во главните сектори на пазарот во кои работи купената компанија – плаќања и финансиски услуги, логистика/мобилност и ТМТ.

Финансиските параметри на зделката не се споменати.

Покрај Шарлот, „Levvel“ има канцеларии во Њујорк, Роли, Атланта и Монтереј, Мексико. Таа нуди можности за дигитална трансформација, вклучувајќи ги и агилните и облачните решенија, стратегиите „DesignOps“, дизајнот на системите, планирањето на автоматизацијата, корпоративната архитектура и многу повеќе. Компанијата има 172 оперативни вработени, се додава во соопштението.

„Levvel“ соработуваше со голем број главни платформи за облачни услуги и технологии за дигитална трансформација. На списокот има имиња како што се „Amazon Web Services“, „Azure“, „Google“, „Hashicorp“, „IBM“ и „Red Hat“

Таа исто така работи со нови даватели на финансиски услуги како што се „Early Warning“ (Zelle), „The Clearing House“, „Finxact“ и „Plaid“.

Според извршниот директор на „Endava“, Џон Котерел, „Levvel“ има силен менаџерски тим кој ќе помогне во проширувањето на бизнисот во САД. Покрај тоа, двете компании имаат сличен пристап кон дигиталната трансформација.

Крис Харт, извршениот директор на „Levvel“, забележува дека клиентите на компанијата ќе имаат пристап до глобална платформа со покриеност во САД, Латинска Америка и Европа.

До крајот на 2020-та година, „Endava“ имала 7.464 вработени кои работеле во канцеларии во Северна Америка, Европа и Австралија. Компанијата има развојни центри во Бугарија, Романија, Србија, Молдавија, Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Аргентина, Венецуела, Уругвај и Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП