20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗатворените продавници го преполовија профитот на „Next“

Затворените продавници го преполовија профитот на „Next“

Британската модна компанија „Next“ објави половина од профитот пред оданочување откако блокадите предизвикаа затворање на нејзините продавници. Сепак, компанијата ја зголеми прогнозата бидејќи верува во поголемо закрепнување во текот на оваа година.

Добивката пред оданочување за годината што заврши на крајот на јануари беше 342 милиони фунти (471 милиони долари). Износот е во согласност со очекувањата на компанијата, но е под 729 милиони генерирани во претходната година.

Бидејќи повеќето продавници на „Next“ останаа затворени во текот на годината, приходите од продажба на групацијата паднаа за 17 проценти на 3,6 милијарди фунти.

Сепак, „Next“ покажува еластичност за време на кризата, благодарение на долгогодишното работење преку Интернет.

Конкурентите со помалку или без деловно работење преку Интернет, особено „Primark“, пријавуваат значително поголем пад на приходите.

За првите осум недели од тековната фискална година, „Next“ соопшти дека нејзината продажба преку Интернет е поголема од очекуваната. Тaa e над 60% повеќе од пред две години.

Групата ја зголеми прогнозата за профитот пред оданочување за 2021-2022 година на 700 милиони фунти, за разлика од претходната прогноза од 670 милиони фунти.

Од почетокот на 2021-ва година, акциите на „Next“ забележаа пораст на вредноста од 11%. Во четвртокот тие го затворија тргувањето со 7866 пени, што го проценува бизнисот на 10,4 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП