Според извештаите на НБРСМ заклучно со 31.12.2020 година, нашите банки во сопственичката структура се составени од 75.4% странски капитал.
Гледано според сегментација на банките по големина врз база на вкупна актива, странски капитал има најмногу во големите банки, и тоа 83.2%, додека најмалку странски капитал има кај малите банки, односно 57.2%.
Според овие показатели, можеме да заклучиме дека странците и тоа како гледаат голем потенцијал во банкарскиот сектор во нашата држава.
Во нашата држава, во групата големи банки со актива поголема од 40,85 милијарди денари се Комерцијална Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Скопје.
Средните банки со вкупна актива помеѓу 10,2 и 40,85 милијарди денари се Про Кредит Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, Развојна Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, и Централна Кооперативна Банка АД Скопје. Малите банки со вкупна актива помала од 10,2 милијарди денари во нашата држава се ТТК Банка АД Скопје, Силк Роуд Банка АД Скопје и Капитал Банка АД Скопје.