1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовите Sony Xperia ќе бидат претставени на 14 април

Новите Sony Xperia ќе бидат претставени на 14 април

Sony најави дека на 14 април ќе ја претстави линијата Sony Xperia 2021. Компанијата ќе одржи онлајн презентација, која ќе се емитува во живо.

За време на овој настан се очекува да биде претставен моделот Xperia 1 III. Гласините сугерираат дека уредот ќе има 6,5-инчен OLED дисплеј со 4K резолуција и сооднос од 21: 9 и подобрено осветлување.

Гласините ја споменуваат и можноста за ослободување на моделот Xperia 10 III, со чипсет Snapdragon 765G и 6 GB RAM меморија.

Можеби ќе видиме и нов телефон Xperia Compact, со 5,5-инчен екран, но не е познато дали овој уред ќе се најде во продажба надвор од Јапонија.

Sony би можел да не изненади и со некои други уреди, па ќе мора да го почекаме официјалниот датум на објавување за да откриеме што спремила компанијата за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП