27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмладата премиум марка го воодушеви светот со нов автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Најмладата премиум марка го воодушеви светот со нов автомобил (ФОТО/ВИДЕО)

Корејскиот производител „Genesis“ претстави електрично купе под ознаката „X“.

„Genesis X“ е концептен автомобил кој отвора ново поглавје во својата кратка историја на премиум брендот во сопственост на „Hyundai“.

Станува збор за возило „GT“ со изразени спортски линии, што укажува на можна нова насока во која ќе се движи „Genesis“ во иднина резервирана за електрични возила.

Корејскиот производител го опишува дизајнот на овој автомобил како „атлетска елеганција“ што брендот би можел да го прифати за своите нови модели.

„Genesis X“ се карактеризира со ниска силуета и широки страни.

Во предниот дел на возилото доминира типична маска по која се препознава оваа млада премиум автомобилска марка, додека светлосните групи се направени во форма на две тенки паралелни ЛЕД ленти, стилски детал што може да се види на стандардните модели на „Gensis“.

„Кокпитот“ е дизајниран така што позицијата на возачот се издвојува. Внатрешноста изгледа многу луксузно, а дизајнот е минималистички.

Конструкторите предвидоа дека „Genesis X“ може удобно да прими четири возрасни лица и да ги води на подолги патувања.

Детали за погонскиот систем не се објавени, што не е ни чудно со оглед на тоа што компанијата потенцира дека засега станува збор само за студија за дизајн и дека нема да видиме производна верзија на овој автомобил во догледно време, што е навистина штета.

Сепак, „Genesis“ ја остава вратата отворена за да им понуди на клиентите сличен сериски модел со електричен погон во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП