7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилипче: Од 14 мај македонските граѓани ќе влегуваат во Грција со ПЦР-тест...

Филипче: Од 14 мај македонските граѓани ќе влегуваат во Грција со ПЦР-тест или со потврда за вакцинација

На 14 мај Грција ќе ја отвори границата за влез на македонските државјани, извести денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Утрово имал разговор со грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, со кој ги договарале деталите за отворање на границата.

„Ме извести дека двата гранични премина, Евзони и Дојран, ќе бидат отворени на 14 мај за македонските граѓани, но ќе биде задолжителна потврда за вакцинација или негативен тест“, рече министерот Филипче.

Тој утрово зел обврска дополнително да ја извести грчката страна како ќе изгледаат нашите сертификати за примена вакцина и да достави листа на лаборатории што издаваат тестови. Министерот Филипче нагласи дека очекувањата се да се отвори границата доколку не се случи нешто што би ја влошило сегашната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП