26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ го откри името на својот нов „SUV“ за Европа

„Volkswagen“ го откри името на својот нов „SUV“ за Европа

Само пред неколку дена стана јасно дека компанијата „Volkswagen“ подготвува премиера на нов кросовер за Европа, а сега и официјално е објавено неговото име – „Taigo“.

Ова е најмалиот теренец во гамата на брендот, а производителот од Волфсбург покажа и скици од кои може да се добие идеја за неговиот дизајн. Тој е динамичен и емотивен, што сугерира дека главната публика кон која се насочува „Volkswagen“ со овој модел се младите луѓе.

Технички детали за „Taigo“ недостасуваат, но од компанијата наведуваат дека тој се базира на моделот „Nivus“, кој се развива и продава во Бразил. Ова значи дека кросоверот ја користи платформата „MQB A0“ (иста како „VW T-Cross“ и „Polo“). Соодветно на тоа, должината на моделот ќе биде 4,26 метри (тоа е случај со „Nivus“), а волуменот на багажникот ќе биде 415 литри.

„Новиот модел ќе понуди и голем број системи за помош, како и модерна комуникациска поврзаност“, се вели во официјалното соопштение од Волфсбург. Додадено е дека „Taigo“ ќе излезе на пазарот со економични „TSI“ мотори, како и вклучени во стандардната опрема „LED“ фарови, модерен концепт за контрола на функцијата, целосно дигитална табла и голем број системи за асистенција.

Премиерата на најмалиот европски теренец на „Volkswagen“ ќе се одржи на лето. Кросоверот ќе се произведува во Памплона (Шпанија), а неговата продажба ќе започне на крајот на 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП