Фершпед АД Скопје за периодот Јануари-Декември 2020 година оствари добивка во износ од 577 илјади денари или околу 9 илјади евра.
Остварените вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2020 година изнесуваат 3.436.729 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат пад од 16%. Оперативните приходи во износ 3.429.880 илјади денари учествуваат со 99,8 % во вкупните приходи и истите бележат пад од 16 % во споредба со оперативните приходи во 2019 година. Финансиските приходи учествуваат со 0,2 % во вкупните приходи и истите бележат намалување .

