29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот подизведувач на „Apple“ забележа пад на профитот

Најголемиот подизведувач на „Apple“ забележа пад на профитот

„Foxconn“, најголемиот подизведувач на електроники во светот, објави помала заработка од четвртиот квартал отколку што се очекуваше, и покрај големата продажба на „iPhone 12“ и побарувачката на разни уреди за време на пандемијата.

Тајванската компанија, чиј главен клиент е „Apple“, објави нето профит од 45,97 милијарди тајвански долари (1,61 милијарди американски долари) за периодот од октомври до декември.

Ова претставува пад од 4% во споредба со претходната година, се вели во соопштението на компанијата. За споредба, просечната прогноза на 11 аналитичари анкетирани од „Refinitiv“ беше 50,89 милијарди тајвански долари.

Компанијата, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry“, објави раст на приходите од 15% за четвртиот квартал на годишно ниво. Ова главно се должи на повеќе од 15 проценти зголемување на продажбата на потрошувачка електроника, вклучително и паметни телефони, кои учествуваат со 63% во приходот за кварталот, објави „Foxconn“ без да открива детали.

Претходно, „Foxconn“ соопшти дека очекува индикаторот да забележи пад од 3% или да постигне мало зголемување од 3% во споредба со претходната година.

Компанијата објави дека очекува приходите да пораснат за околу 10% во 2021-ва година благодарение на „повисоката од очекуваната“ продажба на паметни телефони, вклучувајќи го и новиот „iPhone 12“, како и телекомуникациските уреди – тренд поврзан со работата од дома за време на пандемијата.

Цената на акциите на „Foxconn“ скокна скоро 41% в оваа година. Денес таа го заврши денот на тргување со пораст од 0,78% во споредба со растот на 0,48% на поширокиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП