Вештачката интелигенција (AI) ќе и донесе на руската „Сбербанк“ меѓу 80 и 85 милијарди рубљи (1,05-1,11 милијарди долари) нето добивка во оваа година, изјави извршниот директор Герман Греф, според извештајот на руската новинска агенција „Интерфакс“.
Во 2020-та година, „Сбербанк“ планираше да оствари повеќе од 60 милијарди рубљи дополнителен профит преку употреба на вештачка интелигенција, изјави првиот заменик-претседател на одборот, Александар Веџакин.

